Германија

Меркел и формално разрешена од функцијата

27.10.2021 09:45

По конститутивната седница на Бундестагот, германскиот претседател, Штајнмаер ѝ го предаде указот за разрешување од функцијата.

Германската канцеларка Меркел и формално е разрешена од должноста. Согласно законот ќе остане на чело на владата во техничкиот мандат до изборот на новата влада.

По конститутивната седница на Бундестагот, германскиот претседател, Штајнмаер ѝ го предаде указот за разрешување од функцијата.

Според членот 69 од германскиот устав, мандатот на сојузниот канцелар или министер завршува со конституирање на новиот Бундестаг.