Обединети нации

Гутереш: Да запре епидемијата на пучеви

27.10.2021 09:57

Суданскиот народ јасно ја изрази својата желба за реформи и демократија, рече генералниот секретар...

Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја критикуваше епидемијата на пучеви и го повика Советот за безбедност ефикасно да дејствува за да ги спречи.

Суданскиот народ јасно ја изрази својата желба за реформи и демократија, рече генералниот секретар, повторно осудувајќи ја суданската армија, која во понеделникот ја презеде власта во земјата и ги повика сите страни да покажат „максимална воздржаност“.