Ковид-19
САД: Одобрена вакцината „Фајзер“ за деца постари од 5 години
27.10.2021 10:46
Во септември беше објавено дека вакцината е безбедна за децата од таа возрасна група.

Во САД вакцината против коронавирусот на „Фајзер/ Бионтек” ќе биде достапна за деца на возраст од пет до 11 години. Експертите од Управата за храна и лекови го поддржаа потегот кој ќе оди на итно одобрување во рок од неколку недели.
Во септември беше објавено дека вакцината е безбедна за децата од таа возрасна група.
Во САД, вакцината веќе се дава на деца на возраст над 12 години, а најновата одлука опфаќа околу 28 милиони американски деца.
