Најдобриот, против надобриот?!
Моменталниот АТП поредок вели, Рафаел Надал е тенисер број еден на планетата Земја, Новак Ѓоковиќ број, два.
Меѓусебните случувања одат на контото на шпанецот 22, на сметка на србинот кој има избројано 5 помалку. Импозантна е бројката и на освоени титули сефкупно. И тука предничи Надал, со 63, Ѓоковиќ 43. Ова е подлога на која во повеќе наврати пак, се има радувано Новак, 13, Рафа 7.
Ја формираат вечерва на мастерс втората годинешна 1000-ка јубилејната бројка 40 на заедничко соочување, а за првпат во 2014-та.

Биде ли победник Ѓоковиќ вечерва на вилетовиот терен во Мајами, по Федерер ќе биде првиот тенисер кој ќе освои дупла американска мастерс круна (Индијан Велс и Мајами). Надал ли триумфира, ќе го запише првиот кристал освоен на Флорида во 4-тиот финален обид. Потоа, би му останале уште на мастерс Надаловиот список за слаје само Шангај и Париз. Кој и да победи пак вечерва, обајцата веќе се запишани како единствени сопственици на по некој мастерс трофеј.
И конечно, ова е само трет пат по 2011-тата кога патем истите ликови беа дел од финалното задоволсто, да првите двајца од светската листа го имаат последниот меч во Мајами. Победата тогаш ја заслужи, србинот.
Ексклузивната можност на уметноста и атрактивноста на тенискиот терен која можат да ја понудат овие две тенски величини, ја имате единствено на МРТ собранискиот сервис почнувајќи од 20.30.