Локални избори

ДИК: Ставањето печат на секое гласачко ливче е задолжително

27.10.2021 14:00

ДИК ја поништи вчерашната измена на упатството за важечки и неважечки ливчиња. Во сила го врати претходното упатство. Потенцираат дека ставањето печат на секое гласачко ливче е задолжително. Непочитувањето на овој дел од Изборниот законик ќе се гони кривично...

Едногласно и експресно, ДИК го укина вчерашното упатство за важечки и неважечки ливчиња. Потенцираат дека ставањето печат на секое гласачко ливче е задолжително и дека непочитувањето на овој дел од Изборниот законик ќе се гони кривично.

Предходно, издадоа упатство дека и ливчињата без печат во вториот круг ќе се сметаат за важечки. Членовите на ДИК тврдат дека одговорноста треба да се бара не кај нив, туку во Управниот суд.

Судот одлучуваше по тужба за начинот на кој се сумирале резултатите во општина Шуто Оризари и донесе пресуда дека не може да се занемари волјата на гласачите поради грешка на избирачките одбори.

 

Игор Панов