14 партии поднесоа кадидатски листи за парламентарните избори

30.03.2014 14:24

Четиринаесет партии, вчера до полноќ доставле листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори кои ќе се одржат на 27 април

Во рокот од 48 часа ДИК ќе утврди дали листите се доставени како што налага Изборниот законик, по што партиите ќе треба да ги поправат евентуалните недостатоци.
 
Листи за пратеници поднеле ВМРО – ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз, Демократската унија за интеграции (ДУИ), ВМРО-НП, Демократската партија на Албанците (ДПА), Националнатa демократска преродба (НДП), ГРОМ, Коалицијата „Достоинство за Македонија“, Алијанса за позитивна Македонија, Партијата за европска иднина, Народното движење за Македонија, ПДП и Партијата за економски промени 21 и СДПМ.