Арифи: Тетово ќе биде зелена, модерна и европска општина
Моите проекти се реални и остварливи кои ќе ја направат општината модерна и достојна за живеење, посочи Теута Арифи, кандидат за градоначалник за Тетово од редовите на ДУИ.Најави проекти за решавање на проблемите во инфраструктурата и сообраќајот.

Нашата визија за Тетово е европска - тоа значи европски стандарди во однос на инфраструктурата, транспарентноста во администрацијата, заштита на животната средина и пред се животниот стандард на граѓаните, посочи Теута Арифи кандидат за градоначалник за Општина Тетово од редовите на ДУИ.
Дополни дека градот кој што го водела станал пример за соживот и заедништво. Ова обединето Тетово, овие современи европски вредности се непроценливи и од таму нема враќање. Оваа недела се доведени во прашање нашите европски идеали. Не треба да се враќаме во минатото, кога поделбата ни го кочеше општествениот напредок.
Арифи најави одржливи решенија за сообраќајното прашање, со политика на нулта толеранција на отпад, кучиња скитници и казина. Во следните четири години Тетово ќе биде зелена, модерна и европска општина.
Зоран Димовски
