Локални избори

Истефи го обвини Мерко за корупција

27.10.2021 15:46

Кандидатот за градоначалник на Струга од Алијанса на Албанците, Идри Истрефи на денешната прес- конференција го обвини Мерко за корупција. Според Истрефи имало сомнителна концесија со законски прекршувања помеѓу општина Струга и приватната фирма за јавно осветлување...

Идри Истрефи, кандидат за градоначалник на Струга од Алијанса на Албанците, на денешната прес- конференција обвини за корупција во општина Струга. Според Истрефи, имало сомнителна концесија со низа законски прекршувања во вториот мандат на градоначалникот Рамиз Мерко и приватна фирма за јавно осветлување.

Истрифи вели фирмата добила милиони евра од буџетот на општината, за што имало и банкарски транскации. Тој тврди дека со сите докази го известиле и Јавното обвинителство и Финансиската полиција.

„За сите повие трансакции се известени Јавното обвинителство и Финананскиската полиција, а за нивното нереагирање ќе треба сами тие да одговараат. Милиони евра од Ситилајт се уплатени на приватната сметка на Армен Кадриу и неговото семејство и на сметката на приватниот универзитет на Рамиз Мерко. Овие трансакции најдобро ја докажуваат поврзаноста на кланот Мерко – Кадриу со фирмата Ситилајт како и кражбата која секојдневно ни се случува“, вели Истрефи.

Истрефи воедно, обвини дека услугите од компанијата за јавно осветлување се лоши во струшко. Според него, Рамиз Мерко треба да одговара за овој криминал пред граѓаните на општина Струга.

 

Соња Рилковска