Енергетика

Состојбата со електричната енергија по 1-ви јануари останува неизвесна

27.10.2021 16:10

Состојбата со струјата по 1-ви јануари останува неизвесна, вели експертот за енергетика Константин Димитров. Цената на на светскиот пазар расте, енергетските компании не можат да ја следат. Според Димитров, потребни се залихи со кои ќе се покрива високата цена на струјата...

Цената на електрична енергија на светскиот пазар вртоглаво расте, енергетските компании не можат да ја следат, вели вели експертот за енергетика Димитров. Дополнително посочува дека трошоците се зголемуваат поради купувањето без најава.

Димитров вели дека се потребни залихи со кои ќе се покрива високата цена на струјата. Посочува дека состојбата по 1-ви јануари останува неизвесна.

„Цената на енергенсите, како нафта и гас, е во правопропорционална врска со цената на електричната енергија. Веројатно ќе биде за нијанса поевтино зависно од тоа кога сте го купиле, да беше летоска ќе беше џабе. Сега да купат, ќе биде приближно до оваа цена, ама ќе биде наше. Сега може да запрат, да не може да преземеш. А кога ќе можеш да произведеш, ќе можеш да ги задоволиш потребите на стопанството. Од каде ќе го полниме буџетот ако не работи стопанството, кој ќе го наполни“, вели Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност.

Претходно Комисјата за енергетска кризна состојба одлучи да не прогласи кризна состојба. Цената на електричната енергија до крајот на годинава да остане непроменета.

Од Владата не очекуваат големи ценовни шокови. Нови мерки засега нема да се носат надвор од она што значеше намалување на ДДВ-то на струјата.

За да се зголеми домашното производство, со работа почна и вториот блок на РЕК Битола, а за неколку недели се планира стартување и на третиот блок.

Дијана Ценевска