Димитров: Процесот на проширување е сѐ уште во криза
Процесот на проширување е сѐ уште во криза во регионот - истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на Белградскиот безбедносен форум кој учествуваше како говорник на панелот „Берлински процес – што следи?“. Според него Германија има јасна визија за Западен Балкан да се европеизира како стратегиски интерес на Унијата...

Ако го издвоиме регионот од европската перспектива ќе имаме предизвик, тоа е демократската иднина на Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на Белградскиот безбедносен форум, кој учествуваше како говорник на панелот „Берлиснки процес – што следи?“.
Според него, Германија е економски многу добро претставена во регионот. Политички имаме навистина добри односи и Германија има јасна визија за Западен Балкан да се европеизира како стратегиски итерес на Унијата, истакна Димитров.
„Процесот на проширување е сѐ уште во криза во регионот. Во Србија последното поглавје е отворено 2019-та, во Црна Гора во јуни 2020-та, да не зборуваме за визната либерализација за Косово. Одлуката за почеток на преговорите за Македонија и Албанија од март 2020-та сѐ уште не може да се спроведе, иако е донесена со консензус. Нема многу големо придвижување во пракса“, нагласи вицепремиерот Димитров.
Димитров додаде и дека се одржа самитот на Унијата, но таму е одлучено да се вклучи зборот проширување што е важно, но луѓето во регионот и натаму се прашуваат дали ова навистина е е реланост.
Ана Јосифоска Тодоровска
