Расте бројот на активни ковид- случаи
Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, а на починати е 7.087.

Бројот на активни ковид случаи во земјава се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, активни се 6.395 случаи, од кои најголем број се во Скопје 3.203.
Од направени 3.210 тестирања, како што покажуваат податоците од ИЈЗ за изминатите 24 часа, регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале.
Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, а на починати е 7.087.
Заклучно со 26-ти октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани, информира Министерството за здравство.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираа од Министерството за здравство.
