Локални избори

Уште два дена кампања, реторитака се заострува

28.10.2021 09:57

Дел од градоначалниците кои победија во првиот круг од локалните избори вчера ги презедоа функциите, со што почна да тече нивниот четиригодишен мандат.

До крајот на изборната кампања преостануваат уште два дена, а лидерите на најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со сличен став во однос на обединување на граѓаните, но со критички настроени едни кон други.

Зоран Заев повика на обединување за спокоен и квалитетен живот, со цел да се остави режимот во минатото. Христијан Мицкоски, пак порача дека нема да ги двојат граѓаните според политичката партија и оти сакаат да бидат нивни сојузници и пријатели. Фокусот на вториот изборен круг продолжува да биде насочен кон кандидатите за градоначалници на главниот град, Петре Шилегов од СДСМ и независната кандидатка Данела Арсовска. Покрај презентирање на програмите, тие продолжуваат и со меѓусебните обвинувања.

Дел од градоначалниците кои победија во првиот круг од локалните избори вчера ги презедоа функциите, со што почна да тече нивниот четиригодишен мандат. 

ДИК донесе решение за повторување на гласањето на Избирачко место 0543, Дебар, за избор на членови на совет на Општина Дебар и избор на градоначалник на Општина Дебар и Решение за повторување на гласањето за избор на членови на совет на општина Шуто Оризари и совет на Град Скопје, на Избирачко место 2957/1 Шуто Оризари, откако претходно Управниот суд ги уважи тужбите на овластените подносители на приговорите кои Државната изборна комисија ги одби за овие избирачки места.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела на 31-ви октомври. СДСМ има вкупно 32 кандидати во општините и Град Скопје, а ВМРО-ДПМНЕ има кандидати во 28 општини.