Европските складишта со плин ќе почнат да се полнат по 8-ми ноември
Гасоводот, кој преку подземен пат ги спојува двете земји, е финансиран од „Гаспром“ и неговите европски партнери и покрај противењето на САД, Украина и Полска.

Русија планира да ги полни европските складишта со плин од 8-ми ноември. Многу држави се откажуваат од употребата на јагленот и нуклеарната енергија, а Русија веќе ги намали пратките во Европа, што според некои медиуми, е со цел да создаде притисок за одобрување на „Северен тек 2“ кој чека дозвола од Германија.
Гасоводот, кој преку подземен пат ги спојува двете земји, е финансиран од „Гаспром“ и неговите европски партнери и покрај противењето на САД, Украина и Полска.
Москва тврди дека „Северен тек 2“ ќе ги удвои руските капацитети за испорака на плин со што би се спасил европскиот пазар за гас.
