Зголемена опасност од причји грип
Ветеринарите препорачуваат живинарите да ги заштитат фармите од птичјиот грип. Со есенскиот прелет на дивите птици кон југ се зголемува опасноста од ширењето на оваа болест која е зооноза и која првенствено ги напаѓа птиците, но не е исклучена и можноста за зараза и заболување кај луѓето.

Болеста птичји грип ја има во Западна Русија и Казахстан, од каде птиците преселници, прелетуваат до местата за презимување, во некои делови преку Европскиот континент и нашава земја.
На живината и другите птици, ветеринарите порачуваат, да им се ограничи движењето надвор од живеалиштата, а одгледувачите треба да внимававаат и да превземат мерки да се спречи евентуален контакт со дивите птици и да не се привлече нивното внимание со давање вода и храна на живината во дворовите.
Промената во здравствената состојба на живината или зголемената смртност задожително треба да се пријави кај ветеринарните власти. Забрането е хранење на живината и другите домашни животни, првенствено кучиња и мачки со остатоци од диви птици бидејќи секој од нив е потенцијален извор на зараза.
Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето.
Болеста предизвикува големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност.
Методија Трајков
