Свет
САД: Издаден првиот пасош со ознака „икс“ за полот на лицето
28.10.2021 10:42
Ваквиот потег е пресвртница во признавањето на правата на луѓето кои не се идентификуваат како мажи или жени, и кои очекуваат да можат да бираат трета опција, вклучувајќи категории како „небинарни“ или „интерсексуални“.

САД го издадоа првиот пасош во кој полот на лицето е означен со „икс“. Ваквиот потег е пресвртница во признавањето на правата на луѓето кои не се идентификуваат како мажи или жени, и кои очекуваат да можат да бираат трета опција, вклучувајќи категории како „небинарни“ или „интерсексуални“.
Покрај САД, ваква политика спроведуваат и Австралија, Нов Зеланд, Непал и Канада.
