Концерт

„Зимски соништа“ со оркестарот на Филхармонија

28.10.2021 10:50

Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија...

„Зимски соништа“ е насловот на концертот кој вечерва  во 20 часот ќе го изведе оркестарот на  Филхармонија. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија.

Тој е еден од  водечките млади солисти на светската музичка сцена,  уметник на новата генерација на „Би-Би-Си“ од 2019 година. Неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на „Би-Би-Си“...

Настапувал со диригенти како Давид Цинман, Силвијан Кембрелинг, сер Андреас Шиф... Го нарекуваат виолист „чиј тон не може да биде посигурен, и чиј музички инстинкт инспирира самодоверба на секое можно ниво“.