Свет

Нови апсења и демонстрации во Судан

28.10.2021 10:58

Новите случувања се закана за транзицијата кон демократијата, која започна во 2019 година по соборувањето на долгогодишниот автократски лидер Омар Ал-Башир.

Суданските безбедносни сили уапсија тројца познати личности од продемократското движење. Демонстрациите против воениот удар продолжија во Картум и други градови.

Новите случувања се закана за транзицијата кон демократијата, која започна во 2019 година по соборувањето на долгогодишниот автократски лидер Омар Ал-Башир.

САД го осудија военото преземање на власта и апсењето на цивилните лидери.