МВР
Претрес во Струга, пронајдено оружје, приведено едно лице
28.10.2021 11:13
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.

Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
