Локални избори

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал, ДИК уверува- проблемите со гласањето се надминати

28.10.2021 11:37

Од битолската печатница „Киро Дандаро“ со полициско обезбедување, почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња до општинските изборни комисии за вториот круг од локалните избори во недела. Утре ќе се доставуваат терминалите за отпечатоци од прсти. Првиот човек на комисијата, Даштевски уверува дека проблемите со гласањето од првиот круг се надминати...

На околу 1.600.000 гласачки ливчиња и останатиот недоверлив избирачки материјал од изутрината започна транспортот до Општинските изборни комисии. Претседателот на ДИК, Даштевски вели во периодот помеѓу двата изборни циклуси најголем дел од фокусот бил ставен на тоа како да се надминат проблемите со читачите на отпечаток на прстот.

Со новиот план, се направи уште една обука, ќе биде зголемен бројот на технички лица на гласачките места, како и резервните количини на фингерпринтерите. Новина има и во случај ако и по два обиди читачот не идентификува.

Гласачките ливчиња беа испечатени само за седум денови со истиот број на заштитни кодови, заштита која печатницата постојано ја надоградува.

Кога е во прашање регуларноста на изборите, од ДИК велат дека по насоките на Управниот суд, надминато е недоразбирањето за печат на ливчето.

И во вториот круг, гласањето в сабота го започнуваат болните и изнемоштените, оние што се во ковид изолација и лицата со право на глас кои се наоѓаат во казнено-поправните установи.

Стевче Митревски