Сѐ уште трае истрагата за наставникот кој малтретираше ученик во училиште во Бутел
Од Обвинителаството информираат дека тие ќе постапат откако МВР ќе достави поднесок до нив. И Просветниот инспекторат почна постапка. Со какви санкции ќе се соочи наставникот сѐ уште неизвесно.

Истрагата за наставникот кој физички малтретираше ученик во училиште во Бутел сѐ уште трае. Полицијата постапува по насоки даени од Обвинителството.
Сѐ уште се собира доказен матереијал. Од Обвинителаството информираат дека тие ќе постапат откако МВР ќе достави поднесок до нив. И Просветниот инспекторат почна постапка. Со какви санкции ќе се соочи наставникот сѐ уште неизвесно.
Настанот се случи минатата недела. Од видеото кое беше споделено на социјалните мрежи се гледа како наставникот го крева ученикот со двете раце од земја и го спушта, додека другите гледаат.
