Формирано е ново мнозинство во Советот на Град Скопје

28.10.2021 12:34

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти од интерес на граѓаните...

Актуелната владина коалиција на СДСМ и ДУИ ќе биде опозиција во Скопје. Парламентарна опозиција во македонското Собрание обезбеди апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупно 45, во Советот на Град Скопје, информираа од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица.

Од таму велат дека новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти од интерес на граѓаните.

Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.