Сузбиена криминална група која криумчарела мигранти

30.03.2014 15:06

Приведена е шестчлена криминална група која подолго време вршела криумчарење на мигранти од соседна грција преку Македонија кон Србија. Во кривичното дело помагал и полицаец вработен на граничниот премин Богородица.

Барател на азил во земјава и наш државјанин биле главните организатори на групата, давале насоки како тројца кавадарчани да ги превезат мигрантите. Безбедно минување на границата им овозможувал eден полицаец.

Групата е уапсена на наплатната рампа кај Велес во обид  да ги пренесе деветтемина мигранти од грција. Меѓу илегалците има деца од 10, 16 и 17 години. 

-Од членовите на групата привремено се одземени три патнички моторни возила, телефонски апарати, сим картички и други предмети за кои се сомневаме дека се користени за извршување на кривичните дела -   Гордана Јанкуловска- министер за внатрешни работи

Според информациите на полицијата, мигрантите за својот илегален транспорот од Грција преку Македонија кон Србија плаќале од 120 до 150 евра. Потекнувале од земјите на блискиот и далечниот исток.

Андријана Атанасовска