Трета доза вакцина против Ковид-19 досега примиле над 24 илјади граѓани
Заклучно со 27-ми октомври вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537 а трета доза примиле 24.021 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 27-ми октомври вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537 а трета доза примиле 24.021 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
