Здравство

17-годишна девојка почина од Ковид-19 на Инфективната клиника

28.10.2021 14:40

Според лекарските извештаи, младата пацинтка првпат лекарски преглед побарала на 18-ти месцов во битолската болница. Била донесена со ниска сатурација, отежнато дишење и болки во телото и мускулите. Тестот за Ковид-19 бил позитивен.

На Инфективната клиника изутрината починала 17-годишна пациентка од Сопотиница, Демир Хисар. Девојката имала хронично заболување, дијабетес тип еден и не била вакцинирана.

Според лекарските извештаи, младата пацинтка првпат лекарски преглед побарала на 18-ти месцов во битолската болница. Била донесена со ниска сатурација, отежнато дишење и болки во телото и мускулите. Тестот за Ковид-19 бил позитивен.

Била на перманентна кислородна поддршка, но поради влошената состојба, возраста и коморбидитетите, веднаш е донесена на скопската клиниката.

Вчера драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање. И покрај преземените дијагностички, тераписки и реанимациони мерки, младата девојка починала, информираат од Министерството за здравство.