Економија

Се зајакнува заштита на потрошувачите, но повеќето не си ги знаат правата

28.10.2021 14:49

Се зајакнува системот за заштита на потрошувачите. Дел од компаниите стануваат доверливи кон своите клиенти. Сертификатот „Фер со потрошувачот“обезбедува поголема сигурност и заштита. Во наредниот период се очекува негова примена и во земјите од регионот. Според податоците на организацијата на потрошувачи, за првите девет месеци пристигнале две илјади поплаки од граѓаните...

Над две илјади поплаки пристигнале до Организацијата на потрошувачите за првите девет месеци од годинава велат од ОПМ. Посочуваат дека потрошувачите сѐ уште доволно не се запознаени со нивните права.

Над 50 компании го воведоа сертификатот „Фер со потрошувачот“ кој треба да обезбеди поголема сигурност и заштита на потрошувачите. На овој начин претпријатијата ја јакнат фер конкуренцијата се обезбедува нивна поголема видливост. Во наредниот период се очекува примена на сертификатот и во земјите од регионот.

Од ОПМ велат дека се зајакнува системот на заштита на потрошувачите. Небезбедна или храна со изминат рок се пријавува во Агенцијата за храна, високи телефонски сметки или лоша услуга од операторите во Агенцијата за електронски комуникации, додека неиздавање фискална сметка до Државниот пазарен инспекторат.

 

Дијана Ценевска