Сали: Ќе оствариме реални проекти во Чаир
Кандидатот за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива, Беким Сали побара поддршка од граѓаните за вториот круг в недела. Вели од 1-ви ноември ќе имаме шанса во Чаир да оствариме реални проекти...

Мојот противкандидат за Чаир пред четири години вети дека ќе изгради детска градинка за која ќе вложи еден милион и 150 илјади евра. Но, овде сум да го потсетам што ветил, а не остварил, рече канидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Сали, додавајќи дека на местото нема ниту знак дека се почнати некои градежни работи, а за градинка и воопшто да не се зборува.
Но, не се разочарувајте поради тоа што сте дозволиле некој да ве излаже додаде во своето излагање Салиу зашто како што рече, од 1-ви ноември тие имаат шанса во Чаир да остварат реални проекти, додека лагите да ги претворат во горчлива историја која ќе се памети.
Фиљана Кока
