Серија земјотреси регистрирани на македонско- албанската граница
Првиот земјотрес се случил пет минути после 8 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен од 4,7 степени во 8 часот и 10 минути, а последниот од 3,6 степени во 8 часот и 11 минути...

Четири земјотреси од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени според Рихтер се почувствувани изутринава во западниот дел на земјава. Првиот земјотрес се случил пет минути после 8 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен од 4,7 степени во 8 часот и 10 минути, а последниот од 3,6 степени во 8 часот и 11 минути.
Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
