В недела втор круг од локалните избори во 44 општини

29.10.2021 09:23

Право на глас имаат 1.353.990 избирачи на 2.481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет...

Во вториот круг од lокалните избори, што ќе се одржи в недела на 31-ви октомвр, ќе се гласа во вкупно 44 општини. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи на 2.481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

Во недела нема да има гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус.

Гласањето почнува во сабота кога се изјаснуваат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, и според податоците на ДИК и 1.409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица.