Имунизација

Ревакцинирани 773.537 граѓани, трета доза примиле 24.021

29.10.2021 09:01

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Последните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека против Ковид-19  вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Заклучно со 27-ми октомври, педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 436 нови случаи со Ковид-19 и седум починати лица. Вчера починала и 17 – годишна пациентка која имала хронично заболување јувенилен дијабетес тип 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид– дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а на активни случаи изнесува 6.499.