ПОЛСКА

Варшава ја отфрла пресудата на Европскиот суд на правда

29.10.2021 10:03

Владата во Варшава му порача на Брисел да запре со уцените бидејќи Унијата не можела да решава за полското правосудство.

Полска ја отфрла пресудата на Европскиот суд на правдата со која треба да плаќа милион евра дневно бидејќи не ја суспендирала Дисциплинската комора на Врховниот суд.

Владата во Варшава му порача на Брисел да запре со уцените бидејќи Унијата не можела да решава за полското правосудство.

Оттаму, пак нова опомена: Полска не може да добива пари од блокот, и при тоа да не ги почитува европските вредности и демократските правила, и да не вложува поголеми напори во реформата на финансискиот сектор.