Македонија

Отпадот од кланиците ќе се преработува

29.10.2021 10:10

Со соодветни законски измени се очекува да продолжат активностите за изградба на нов капацитет за преработка на отпадот од кланичната индустрија. Планот е објектот да биде лоцирана во општина Лозово, а обезбедени се и 9,5 милиони евра изградба и набавка на опремата. Ветеринарните власти сметаат дека оваа инвестиција може да биде реализирана за две години.

Капацитет во кој ќе се преработува отпадот од кланиците треба да биде лоциран во Општина Лозово. Потребните средства од  9,5 милиони евра, се веќе обезбедени од европските ИПА фондови и преку заем од Светск банка. Фабриката треба да биде завршена за 2 години. На почеток како што беше планирано, ќе се произведуваат високоеенергетски масла, а по три години ќе се почне и со производство на биопротеини.

Во моментов отпадоците завршуваа на депонии кои ја загадуваат животната средината, а домаќинствата и приватните сточари за да се решат од одпадоците копаат јами без основните хигиенски и здравствени сигурносни стандарди.

Се работи за коски, внатрешни органи од кланици, расипани прозводи од месо, млеко и мрши  кои може да се искористат и со преработка ќе имат пазарна вредност. Засега е планирано од производите од отпадоците, таканаречените нус-производи  да се добиваат високоеенергетски масла кои ќе се искористат за производство на енергија.

Годишно во земјава остануваат околу 15 до 20.000 тони отпад од работењето на кланичната индустрија.

Методија Трајков