Скопје

Свечено отворен „Ист гејт мол“

29.10.2021 10:29

Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем. Очекувањата се околу 12 милиони посетители годишно. Предвидени се 2.500 вработувања.

Најголемиот трговски центар во земјава почнува со работа од денеска. Нуди голем избор на уникатни 220 локални и интернационални брендови, располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна, маркет и кино сали. Има паркинг-простор за околу 2.000 возила, а е единствениот мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови.

Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем. Очекувањата се околу 12 милиони посетители годишно. Предвидени се 2.500 вработувања.

Синоќа на официјалното отворање имаа средба закупците, соработниците и партнерите на новиот мол.