Европа

ЕУ: Русија го користи природниот гас за да ја уценува Молдавија

29.10.2021 10:32

Властите на оваа земја изјавија дека е трипати зголемена цената што ја нуди нафтениот гигант „Гаспром“ со кој Молдавија има склучено договор кој истече во септември.

ЕУ смета дека Москва го користи природниот гас за да ја уценува Молдавија. Властите на оваа земја изјавија дека е трипати зголемена цената што ја нуди нафтениот гигант „Гаспром“ со кој Молдавија има склучено договор кој истече во септември.

Кремљ негира дека руската компанија ги користи разговорите за гас за да добие политички отстапки. ЕУ планира да и даде на Молдавија 60 милиони евра за да и помогне да се справи со кризата.