Самит на Г20 во Рим
Државите кои се одговорни за над 75 отсто од емисиите на штетни гасови се обидуваат да застапат обединет фронт пред да им се придружат на другите делегации на Светската климатска конференција во Глазгов...

Во Рим самит на дваесетте најмоќни економии во светот. Меѓу главните теми на агендата е и ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
Државите кои се одговорни за над 75 отсто од емисиите на штетни гасови се обидуваат да застапат обединет фронт пред да им се придружат на другите делегации на Светската климатска конференција во Глазгов.
„Ние сме посветени на справување со егзистенцијалниот предизвик на климатските промени“, се наведува во нацрт-заедничката изјава, што треба да биде усвоена на самитот на Г-20.
Иако нацрт-документот покажува дека постои согласност дека растот на температурата треба да се одржи во рамките на 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период, што е цел во голема мера во согласност со Парискиот договор од 2015 година, некои детали се уште се отворени за дебата.
Еколошките активисти кои имаа увид во нацрт-документот велат дека Г-20 треба посилно да ја алармираат јавноста за опасностите со кои се соочува светот.
