Ескобар: Стратешки интерес е Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ
Најсилната порака што САД може да ја даде сега е да се определи почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ пред крајот на оваа година, вели заменикот помошник секретар за Европа и евроазиски прашања, Габриел Ескобар...

Во интерес на САД е почеток на преговори со двете земји, Северна Македонија и Албанија до крајот на годинава, сведочеше заменикот помошник секретар за Европа и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, во поткомитетот на Конгресот за Европа на Комисијата за надворешна политика, на Претставничкиот дом на САД.
„Најсилната порака што САД може да ја даде сега е да се определи почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ пред крајот на оваа година. Двете земји ги направија потребните реформи. Одложувањето на одлуката на Европскиот совет од март 2020-та ја шири недовербата низ регионот и ги уништува надежите на младите за европска иднина“, изјави Ескобар.
„Работиме со сите страни, со владите на Северна Македонија и Бугарија за да најдеме позитивно вин-вин решение. Исто така работиме и со нашите ЕУ партнери кои се согласуваат дека спорот мора да се реши во релативно краток временски период. Сите се согласуваат дека е во наш стратешки интерес, американски и европски, да ги приклучиме двете земји, Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Се надеваме дека ова ќе се разреши навреме за да двте земји ги почнат пристапни преговори оваа година“, изјави Ескобар.
