„Ист гејт мол“ ги отвори вратите за посетителите од земјава и регионот
Отворен најголемиот трговски центар во земјава. Нуди широк избор на уникатни 220 локални и интернационални брендови, а располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна, кино сали. Предвидени се повеќе од 2.500 вработувања...

На површина од околу 160.000 квадратни метри со над 2.500 вработени во 220 продавници, новиот „Ист гејт мол“ во Скопје ги отвори портите за посетителите од земјава и од регионот. Повеќенаменскиот шопинг центар е инвестиција вредна над 103 милиони евра.
По едно тешко поглавје за бизнис заедницата, се случува една ваква голема инвестиција, којашто ќе донесе нови вработувања и ќе ја заживее економијата, велат закупците.
На официјалното отворање на новиот „Ист гејт мол“ беше присутен целиот државен врв. Премиерот Заев истакна дека овој проект го покажува поволниот деловен амбиент за сериозни вложувања со добро платени работни места, и не случајно отворен во услови на пандемија.
Трговскиот центар беше изграден во рок од 26 месеци и претставува инвестиција на Балфин групацијата, дел од поголем проект вреден 350 милиони евра.
Александра Сприровска
