Пендаровски од Велес: Рамковниот договор е најдоброто решение тогаш и не би го менувал ни сега

30.03.2014 16:47

6, 7 денови зборувам за основните постулати на мојата програма.Со народски јазик, со обичен јазик без филозофирање.И овојпат ќе ги слушнете моите тези на програмата.Економија, демографија и демократија им рече на велешани претседателскиот кандидат на Социјал демократскиот сојуз Стево Пендаровски.  Пред нив повтори дека ќе биде претседател на сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска, верска и етничка припадност.

6, 7 денови зборувам за основните постулати на мојата програма.Со народски јазик, со обичен јазик без филозофирање.И овојпат ќе ги слушнете моите тези на програмата.Економија, демографија и демократија им рече на велешани претседателскиот кандидат на Социјал демократскиот сојуз Стево Пендаровски.  Пред нив повтори дека ќе биде претседател на сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска, верска и етничка припадност. Потенцираше дека неговиот концепт е да му пријде на граѓанинот, на индивидуата со име и со презеиме, независно од верата и нацијата им рече Стево Пендаровски на присутните во Велес.  Стево Пендаровски  во Велес  го започна својот говор, на митингот со како што рече потполно  граѓански концепт. Велешани прашуваа она што ги интересираше а тој одговараше.

Прашан за спорот за името со Грција, Пендаровски рече дека само државен консензус е решението.Кандидатот на СДСМ за претседател, рече дека рамковниот договор, според него, бил најдобро решение тогаш и не би го менувал ни сега. А за загаденоста во Велес рече дека здравјето нема цена. Гражаните треба да дишат чист воздух, а капацитет кој загадува да е надвор од градовите.

Кандидатот за претседател на Социјал демократскиот сојуз Стево Прендаровски во Велес одговараше и на други прашања. Дали тој е најдобрата понуда, Пендаровски одговори дека има и други десетици и илјадници подобри во Македонија, но дека гласот на граѓанинот има значење и тежина. Пред велешани повтори дека активно ќе учествува во остварувањето на стратешките цели за земјата, а тие се интегрирање на Македонија во Европската унија и НАТО. Уставот треба да се почитува , а слободите и правата се исклучително значаен сегмент. Во една држава мора да владеат правото и демократијата, правосудството полицијата и сите институции на власта мора да ја гарантираат правната сигурност  за луѓето и за правните субјекти- вели Пендаровски. Тврди дека ако го добие мандатот, ќе се залага за демократски вредности , човечко достоинствои граѓански слободи.