Рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ продолжен до 15-ти ноември
Признанието се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.

Продолжен е рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2020 година до 15-ти ноември 2021 година, информираат од претседателскиот кабинет.
Признанието се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.
Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2020 година, во осум категории: општествени науки; хуманистички науки; природно-математички и технички науки; медицинаки науки; најдобар иноватор; млад талент; признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост) и најдобар уметник.
На јавниот повик може да аплицираат сите лица коишто заклучно со 2020 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.
