МВР: Поткуп за глас во Македонска Каменица

29.10.2021 16:14

Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија.

19- годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица денес пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ.

Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија.

Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.