Локални избори
Изборниот процес ќе го следат 1.598 набљудувачи
31.10.2021 08:54
Државната изборна комисија соопшти дека вториот круг на локалните избори ќе го мониторираат 347 набљудувачи повеќе во однос на првиот...

Државната изборна комисија соопшти дека вториот круг на локалните избори ќе го мониторираат 347 набљудувачи повеќе во однос на првиот, односно изборниот процес ќе го следат 1.598 набљудувачи, од кои 1.220 се домашни, 368 странски, како и 10 странски новинари.
Од дополнителните набљудувачи акредитирани во петокот, 221 набљудувач се на невладината Аксиос, како и дополнителни 125 акредитации за Здружението за афирмација на хумани вредноисти и младинска интеграција Мак сонце, како и една акредитација за амбасадата на Кралството Шпанија.
