Статистика

8% пад на индустриското производство

31.10.2021 09:15

Според статистиката намалувањето на производството на храна изнесува 4,7% , текстилната продукција е намлена за 41%, додека кај облеката падот изнесува скоро 23%...

Државната статистика соопшти дека индустриското производство во септември годинава споредено со истиот месец лани е намалено за цели 8 насто.

Според статистиката намалувањето на производството на храна изнесува 4,7% , текстилната продукција е намлена за 41%, додека кај облеката падот изнесува скоро 23%.

Кај металите намалувањето изнесува 16%, а производството на машини и делови за близу 44%.

Кај капиталните производи падот изнесува 41%, а кај преработувачката индустрија намалувањео на производството достигнало 15%.