Македонија
Започна зимското сметање на времето
31.10.2021 09:24
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

Во три часот по полноќ почна зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот се вратија еден час наназад, односно времето во три часот се смета како два часот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.
Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.
