Свет

Протест во Рим за климата и распределбата на вакцините

31.10.2021 09:34

Маршот го предводеа климатски активисти кои побараа од светските лидери „да ја спасат планетата“.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Рим за да ги повикаат лидерите на Групата 20 најразвиени економии да реагираат на климатските промени и да обезбедат праведен пристап до вакцините против коронавирусот.

Маршот го предводеа климатски активисти кои побараа од светските лидери „да ја спасат планетата“.

Во Рим се одржа и помал протест против италијанската влада. Поради самитот во градот се распоредени околу 6.000 полицајци и околу 500 војници.