Локални избори

Во Охрид гласањето се одвива без проблеми

31.10.2021 09:57

Утрово во седум часот во општина Охрид беа отворени сите избирачки места. Гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера, овој пат се забележани минимални проблеми со уредите за биометриска идентификација кои брзо се решаваат. И во Општина Дебрца изборниот процес започна успешно и се одвива без некои поголеми проблеми.

Изборниот процес во општина Охрид започна навреме,во демократска и фер атмосфера со минимални проблеми. Во избирачкиот список се запишани 52.477 лица кои своето демократско право ќе можат да го остварат на 88 избирачки места.

Во првиот круг од изборите излезноста беше 56,5 проценти, односно своето право на глас го искористија 29.669 граѓани. Инаку во текот на вчерашниот ден имаа можност да гласаат 311 болни и изнемоштени лица од кои се изјасниле 300, а сите  13 граѓани позитивни на Ковид-19 го искористија своето право на глас.

Охриѓани очекуваат победникот на изборите да им овозможи подобри услови за живеење пред се на младите,но да не бидат заборавени и повозрасните групи граѓани.

И во општина Дебрца изборниот процес се одвива во демократска атмосфера. Утрото во седум часот беа отворени 28-те избирачки места каде што ќе можат да се изјаснат 4.350 граѓани евидентирани во избирачкиот список.

Сашо Нелоски