Свет

Самит за иднината на планетата во Глазгов

31.10.2021 10:49

Многумина го сметаат за клучен за иднината на планетата. Во најголемиот град во Шкотска пристигнуваат и илјадници активисти од цел свет, предводени од Грета Тунберг, со цел да извршат притисок врз светските лидери да ги исполнат своите ветувања за намалувањето на штетните емисии.

Околу 200 земји ќе учествуваат на самитот за климатските промени ЦОП26, кој почнува денеска во Глазгов со една година одложување поради пандемијата.

Многумина го сметаат за клучен за иднината на планетата. Во најголемиот град во Шкотска пристигнуваат и илјадници активисти од цел свет, предводени од Грета Тунберг, со цел да извршат притисок врз светските лидери да ги исполнат своите ветувања за намалувањето на штетните емисии.

Планирани се бројни протести. Околу 10.000 полицајци од Велика Британија ќе го обезбедуваат градот. Се очекува 30.000 луѓе да присуствуваат на климатската конференција во следните две недели.