Локални избори

Гласањето во Битола без поголеми проблеми

31.10.2021 12:44

Засега без поголеми проблеми битолчани гласаат на сите 170 избирачки места, а право на глас имаат 80.882 граѓани. Досегашните впечатоци се дека надминати се проблемите што беа карактеристични за првиот круг. Во пелагонискиот регион, втор круг на гласање има и во соседната помала општина Демир Хисар...

До 11 часот на 170-те избирачките места излегле 19 проценти од евиднтираните 80.882 лица со право на глас. Во споредба со истиот перид од првиот круг, излезноста бележи 6 проценти пораст. Во првите три часови со 15 проценти излезноста највисока на избирачкото место број 74. Од избирачкиот одбор велат дека пронаоѓањето на гласачите оди побрзо, а нема застој ни кај апаратите за отпечаток од прст.

Пораките до идниот татко на општината во насока градот на конзулите да го врати стариот сјај, а граѓаните да бидат со поведар дух.

Втор круг на гласање се спроведува и во помалата соседна општина Демир Хисар. 6.959 лица своето право на глас можат да го остварат на 36 избирачки места. До 11 часот тука излезноста изнесува 24,67 проценти што е за седум проценти повисока од предходното гласање до истиот временски период. За оваа општина не е неочекувано ако се знае дека со околу 70 проценти излезност го заврши гласањето во првиот круг од локалните избори.

Стевче Митревски