Локални избори

Изборниот процес во струшко во мирна, фер и демократска атмосфера

31.10.2021 13:41

Изборниот процес во срушко се одвива во мирна атмосфера, без никакви нерегуларности. Во вториот изборен круг значително помалку проблеми и со уредите за идентификација на отпечатокот.

Изборниот процес во срушко се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера. Не се регистрирани нерегуларности и неправилности, велат од ОИК. Во вториот изборен круг помалку проблеми и со уредите за идентификација.

„За разлика од минатиот пат многу подобро е во однос на фингерпринтот. Досега имаме околу 100 гласачи излезеност“, вели Васил Трифуноски заменик претседтел на ИМ бр 1851.

„Досега добро е. Не се регистрирани нерегуларности, добро тече сѐ е ево ре“,  вели Љуљвере Туда претседател на ИМ 1858/1.

На избирачкиот список во Струга има 61.437 гласачи кои гласаат на 101 избирачко место. Граѓаните велат, се надеваат на подобро утре.

„Сѐ ќе биде подобро само народот може да биде малку поцврст и поразбирлив“, вели една жителка на Струга.

Досега до Општинската изборна комисија во Струга пристигнале десеттина пријави од граѓани кои ги немало во избирачкиот список.

И во општина Вевчани изборниот процес тече без никакви проблеми. Таму излезеноста до 11 часот беше 30 %.

 

Соња Рилковска