Локални избори

Излезеноста до 13 часот е 24,87 отсто

31.10.2021 14:17

Претседателот на ДИК соопшти дека до 13 часот гласале 269.674 гласачи, што значи дека излезеноста е поголема од минатиот прв круг во ова време...

Излезеноста на гласачите  на вториот круг од локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269.674 гласачи, што значи дека излезеноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

По општини, во Вевчани на гласање излегле 52,46 отсто, Ранковце – 47,76, Демир Капија -44, 41, Конче – 42,65, Пехчево -42,18, Демир Хисар – 39,68 отсто… Досега, како што рече Даштевски, мала излезност има во Сарај – 9,74 отсто, Теарце – 15,85 и Шуто Оризари -15,08 отсто.

Даштевски оцени дека денеска е многу мирен избирачки ден, нема пријавено никави проблеми со уредите за биметриска идентификација на гласачите. Нема пријавено дека некој не е пронајден во Избирачкиот список и апелираше така да продолжи до крајот на денот.

Во текот на денешниот ден има 178 приговори, од кои 157 се прифатени, 12 се одбиени, а девет  се за гласачи кои биле во избирачки списоци, информира Даштевски. Апелираше до сите општински изборни комисии и избирачки одбори да обрнат внимание до овластените претставници, т.н.набљудувачи и новинари.