Локални избори

Одзивот до 15 часот е 34,22 отсто, најголема излезност во Вевчани-најмала во Сарај

31.10.2021 15:53

Во цела држава се гласа мирно, со користење на уредите за отпечаток од прст и без никакви проблеми, изјави првиот човек на ДИК, Даштевски.

Излезноста на гласачите до 15 часот е 34,22 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Во цела држава се гласа мирно, со користење на уредите за отпечаток од прст и без никакви проблеми, изјави првиот човек на ДИК, Даштевски.

Најголема излезност има во Вевчани 66, 54 отсто, по што следат во Ранковце 60,15 отсто, Демир Капија 58, 18 отсто, Конче 58,1 отсто, Демир Хисар 55,3 отсто, Пехчево 52,93 отсто, Дебар 51,48 отсто и Лозово 51,1 отсто. До 15 часот најмала е излезноста во Сарај 16,38 отсто.

Даштевски ги повика сите граѓани до 19 часот да го остварат своето право на глас и изборниот ден да помине мирно.

До ДИК пристигнале 311 приговори за лично избирачко право, 268 се прифатени, 25 одбиени, а 18 од гласачите ги имало во Избирачкиот список.

Нема пријави за неправилности и проблеми со гласањето со отпечаток од прст, рече Даштевски на редовната прес-конференција.