Мирен изборен процес во Охрид и во Дебарца
Изборниот процес во Општина Охрид се одвива непречено и во демократска атмосфера. Изборниот процес минува мирно и во Општина Дебарца...

Изборниот ден во Охрид минува во фер и демократска атмосфера. Од евидентираните 52. 477 граѓани со право на глас до 15 часот на 88 избирачки места гласале 40,68 проценти, што е помеѓу 7 до 8 проценти повеќе во споредба со истиот период од денот во првиот круг од локалните избори. Гласањето тече без застој, а во попладневните часови интересот за гласање е зголемен, но сепак не е забележано нарушување на протоколите за заштита од Ковид 19. Во текот на вчерашниот ден од 311 болни и изнемоштени лица се изјасниле 300, а гласале и 13-те граѓани позитивни на Ковид 19 кои побарале да го искористат своето граѓанско право .
Засега нема ниту една поплака до Општинската изборна комисија од граѓани или избирачки одбори.
Гласањето тече непречено и во општина Дебрца каде што од евидентираните 4 350 лица на 28-те избирачки места до 15 часот се изјасниле 42, 64 проценти од граѓаните со право на глас. Според зборовите на претседателката на ОИК , Даниела Којчиноска во досегашниот тек од изборниот процес не се забележани неправилности, освен некои мали технички проблеми кои се решаваат во најкус рок.
Сашо Нелоски
